Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Хјустон Рокетс успеаа да го победат тимот на Њујорк Никс рано утринава со 114-110, а повторно брилијираше Џејмс Харден.
Верувале или не, првата ѕвезда на Рокетс, постигна повеќе од половина поени за својот тим, а средбата ја заврши со дури 61 поен.
Харден од игра шутираше дури 38 пати и 17 пати беше успешен, додека нешто послаб процент има кога се во прашање шутевите за три поени, бидејќи погоди само пет тројки од 20 обиди. На линијата за слободни беше 25 пати, од кои 22 пати беше успешен. На учинокот му додаде 16 скокови и четири асистенции.
Кога е во прашање синоќашната ноќ во НБА лигата, треба да се издвојат уште неколку занимливи резултати. Индијана на домашен терен успеа да го порази Торонто со 110-106, додека Бостон без Ирвинг беше подобар од Кливленд со 123-103.
Филаделфија со 33те поени и 19 скокови на Ембид го порази Сан Антони Спарс со 122-120, додека Јута беше подобра од Денвер со 114-108.
Останати резултати од синоќешните натпревари:
Brooklyn – Orlando 114:110
Miami – Los Angeles Clippers 99:111
Chicago – Atlanta 101:121
Memphis – Charlotte 107:118
New Orleans – Detroit 94:98