Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Европскиот шампион Фенербахче летово се засили со многу млади играчи, но не заборави и на пополнување на дупките кои во составот ги оставија Екпе Удох и Богдан Богдановиќ.
Поранешниот центар на Сакраменто Кингс, Џејсон Томпсон, пристигна во редовите на Фенербахче и во новата сезона тој ќе биде нивниот стартен центар, откако Екпе Удох си замина од екипата.
“Многу сум возбуден, добивам многу честитки и љубов од фановите на Фенербахче. Одлично е да си дел од еден така успешен клуб.” – изјави Томпсон по пристигнувањето во Истанбул.
Џејсон Томпсон веднаш се приклучи на тренинг-кампот на Фенербахче, заедно со Перо Антиќ, Јан Весели, Јордан Минчев и останатите играчи кои стојат на располагање.