Џејк Пол најавува враќање во рингот оваа година


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џејк Пол планира да се врати во боксерскиот ринг во текот на 2026 година и повторно да се натпреварува во крузер категоријата по тешкиот пораз од Ентони Џошуа. Оваа информација ја потврди Нakisa Бидариан, коосновач на неговата промоторска куќа „Most Valuable Promotions“.

Бидариан зборуваше за иднината на Пол во најавата на првата приредба која MVP ја организира во Обединетото Кралство, каде главни борби на вечерта ќе бидат Каролина Дубоа против Тери Харпер и Ели Скотни против Мајела Флорес. Тој истакна дека Пол останува клучна фигура за растот на компанијата и покрај поразот од поранешниот светски шампион во тешка категорија.

Да потсетиме, Пол беше поразен од Џошуа откако британскиот тешкаш прифати борба во краток рок, бидејќи Јутјуберот првично се подготвуваше за меч со Џервонта Дејвис во значително пониска категорија. Тоа беше првиот пораз на Пол во тешка категорија.