Џејми Варди има повеќе понуди, но очајно сака само во еден клуб


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џејми Варди (38), легендарниот напаѓач на Лестер, наводно очајно сака кариерата да ја продолжи во Селтик и повторно да работи со тренерот Брендан Роџерс. Целта му е да игра професионален фудбал до 40 години. Поранешниот англиски репрезентативец се надева на трансфер во Шкотска пред да заврши преодниот рок, пишува The Sun.

Иако Брендан Роџерс сака да го донесе 38-годишниот напаѓач во својот тим, мора да се натпреварува со конкуренцијата. За услугите на Варди заинтересирани се англиските прволигаши Вест Хем и Брентфорд, но и амбициозниот Рексам, клуб во сопственост на холивудските ѕвезди Роб МекЕлхени и Рајан Рејнолдс.

Варди цело лето бара нов клуб, а формата ја одржува тренирајќи со личен тренер. Извори блиски на играчот тврдат дека е потполно подготвен и уверен дека може да се натпреварува на највисоко ниво уште една или две сезони, што би значело дека врвен фудбал може да игра и со 40 години.

„Џејми и понатаму верува дека може да игра секоја недела и дека има многу што да понуди”, изјави извор за SunSport. „Тој е примерен професионалец и ја одржува својата кондиција во одлична форма“.

Фото: Принтскрин