Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалот одамна ста најважна споредна работа во светот, а во последно време фудбалерите заработуваат неверојатна сума на пари.
Во последните 10 години работите во фудбалот целосно се сменија во врска со финансиите.
Фудбалерите сега заработуваат неверојатни пари годишно, а доколку се одлучат на трансфер тоа се сигурно милионски суми.
Играчите кои успеаа да направат добри трансфери во текот на кариерата и денес уживаат во плодовите на тој потег.
Во продолжение следи листа на фудбалери кои на своите сметки имаат неверојатни суми на пари.
- Мајкл Овен – 68 милиони долари
Тој на почетокот на кариерата беше вистински хит, а со своите игри ги воодушевуваше навивачите.
Овен во 2001 година ја освои „Златната топка“, а трансферот во Реал Мадрид му донесе неверојатна заработка. Иако пред неколку години ја заврши кариерата, тој нема потреба ништо да прави до крајот на животот бидејќи има 68 милиони долари.
- Фабио Капело – 70 милиони долари
Капело имаше многу успешна кариера бидејќи настапуваше за најголемите италијански клубови Рома, Јувентус и Милан.
По завршувањето на кариерата, тој започна тренерска кариера во која постигна одлични резултати.
Овој 70-годишен тренер некогаш беше тренер на Англија каде годишно заработуваше неверојатни 13 милиони долари.
Тој моментално е без работа, но не мора да се грижи со оглед на тоа дека има над 70 милиони долари на својата сметка.
- Зинедин Зидан – 70 милиони долари
Тој моментално е тренер на Реал Мадрид, а претходно беше и најдобар играч во светот.
Зидан тогаш го направи најголемиот трансфер од Јувентус во Реал, па долго време го држеше рекордот.
Тој заработи од спонзорите голема сума на пари и има над 70 милиони долари сега.
- Ривалдо – 74 милиони долари
Легендарниот бразилски фудбалер ја заврши кариерата минатата година кога го прослави својот 42-ри роденден.
Иако Бразилците се познати по тоа што сакаат да ги трошат своите пари, очигледно Ривалдо беше попаметен од останатите. Тој моментално има 74 милиони долари.
- Рио Фердинанд – 75 милиони долари
Фердинанд порано беше најскап дефанзивец во фудбалот, а играше одлично во Јунајтед.
Со своите договори секогаш заработуваше многу пари.
Тој моментално ужива во пензијата и има над 75 милиони долари.
- Раул – 85 милиони долари
Легендарниот напаѓа на Реал Мадрид е еден од најдобрите шпански играчи во историјата.
Раил во својата кариера немаше многу примања во Реал, но во спонзорскиот свет беше еден од најсилните.
Тој моментално има околу 85 милиони долари.
- Роналдињо – 90 милиони долари
Можеби и најлегендарниот играч на Бразил во последните 20 години.
Роналдињо со својата насмевка и потези ги воодушевуваше фановите, но тоа знаеше добро да го наплати.
Тој моментално има над 90 милиони долари на својата сметка.
- Роналдо – 150 милиони долари
„Ел Феномено“ за многумина е најдобар напаѓач на сите времиња.
Звучи неверојатно дека тој пред 15 години заработил дури 50 милиони долари бидејќи потпиша договор со „Најк“.
Роналдо поради проблеми со килограмите мораше да ја заврши кариерата пред неколку години, но нема потреба да се грижи затоа што има моментално 150 милиони долари.
- Дејв Велан – 210 милиони долари
Најверојатно единствен играч на оваа листа за кој немате слушнато.
Велан порано беше играч на Блекбург во 1960-те години, но стана вистински бизнисмен кога се пензионираше.
Велан има ланец на супермаркети во Англија, па го откупи и рагби тимот Виган.
На крајот го продаде Виган, а неговите супермаркети се наоѓаат ширум Англија.
Овој пензионер моментално има околу 210 милиони долари.
- Дејвид Бекам – 350 милиони долари
Секако, на прво место на листата се наоѓа Дејвид Бекам кој е крал што се однесува на спонзорските договори.
Не само во светот на фудбалот, туку во спортот воопшто.
Тој е човек кој има најдобри договори во историјата, а беше заштитно лице и на многу светски брендови.
Иако пред неколку години се пензионираше, тој и денес заработува неверојатно многу пари.
Моментално на својата сметка има околу 350 милиони долари.