Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Манчестер јунајтед реши во летниот преоден рок да се откаже од шест фудбалери, на кои не планира да смета тренерот Оле Гунар Солскјер.
„Црвените ѓаволи“ се подготвуваат за ремонт на екипата, па се очекува пристигнување на неколку големи имиња, посебно во дефанзивниот дел од тимот, а ќе има и неколку заминувања.
Англиските медиуми пишуваат дека прв на листата за „отстрел“ е Алексис Санчез. Најскапиот фудбалер во тимот не покажа ништо во последните година ипол, а неговиот трансфер е чисто промашување.
Во одбраната ќе заминат Матео Дармијан, Маркос Рохо и Антонио Валенсија, па се очекува пристигнување на нивни замени наредното лето.
Од „Театарот на соништата“ се очекува да замине и шпанскиот фудбалер Хуан Мата, на кој му завршува договорот, а речиси сигурно дресот на Јунајтед во наредната сезона нема да го носи и младиот Тимоти Фосу-Менсах.
Од друга страна, листата со засилувања е навистина голема, а на неа се наоѓаат Калиду Кулибали, Рафаел Варан, Самуел Умтити…