11 години по неговото заминување: Избркан беше како некој бедник


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    18 ноември 2005 година капитенот на Јунајтед, Рој Кин замина од клубот. Во тимот помина 12 години, а 8 како капитен. 11 години подоцна тој се наоѓа надвор од клубот кој се гордее со традицијата.

    Кој беше најважен играч во ерата на Премиер лигата? Алан Ширер постигнуваше голови, но неговата кариера беше „мала“ што се однесува до трофеите. Рајан Гигс немаше некој играч на негови години кога освојуваше медали, но исто така тој никогаш не бил важен играч во својот тим. За поголемиот дел од времето поминат во Манчестер, тој статус му припаѓаше на Рој Кин. Тој беше копија на Фергусон на теренот. И покрај тоа, врската која беше скршена помеѓу нив го остави Кин изолиран. Генерацијата `92 и понатаму нудеше врска помеѓу минатото и сегашноста. Гигс и Бат и понатаму работат за клубот. Во меѓувреме „вистинските ѓаволи“ Гери Невил и Пол Сколс успеаа да преживеат богати кариери. Но што е со Кин?

    Дури и Дејвид Бекам е поблиску од него до хиерархијата на тимот на Јунајтед од својот поранешен капитен. На Кин му недостасува политичка вештина и не може повеќе да го поднесе таквиот начин на поклонување на Фергусон, наместо тоа тој стана опасен аутсајдер.

    Јунајтед ја прекина сушата од пехари сезоната пред доаѓањето на Кин, но додека Кантона најверојатно беше човек со вештини да му помогне на клубот на патот до тој врв, Кин беше тој кој осигура дека врвот е место каде што ќе остане до крајот на својата кариера, притоа освојувајќи 7 титули. Тој беше играч кој ги постави стандардите до кои можеа да стигнат само најдобрите.

    Како резултат на тоа, вредно е истражувањето што се подразбира под „домашен играч“ во познатата генерација од 1992. Кој навистина ги создаде? Академијата на Јунајтед со право беше мета на пофалби, но тоа беше единствената атмосфера по влегувањето во првиот тим кој ги крена на ниво. Гери Невил вели дека Кин бил играчот кој „го кренал високо тимот“.

    „Беше голем играч, без сомнеж. Играч од средината на теренот со неверојатна издржливост и динамичност од шеснаесетник до шеснаесетник со жестоки прекршоци и потценување на способностите дека мудро ја користи топката. Но можеби најголемиот талент беше тоа што постојано играше добро за тимот.“

    „Ќе видевте како дава се од себе на теренот и ќе чувствувавте како да го предавате ако и вие не го правите истото. На еден натпревар во Ковентри Сити, Кин силно тргна на мене откако јас направив потег повеќе за да ја смирам топката пред да ја испратам напред, навистина помислив дека ќе ме удри. Беше како бесен питбул пред мене.“

    Оваа слика на бесен Кин е една од кои сигурно ќе остане запаметена. Нападот на Алф-Инге Хааланд во дербито и борбата, како физички, така и психички со Патрик Виера го дефинираа ривалството.

    Основните принципи на држење на топката му овозможија на Фергусон да се фокусира на други области.

    „Додека Кин е присутен, држењето на топката не е проблем, му го реков тоа кога дојде во клубот. На персоналот и играчите им реков: Овој играч никогаш не ја подарува топката.“

    Во автобиографијата на Кин дознаваме дека тој се гордеел со чувството на ритамот на играта, со контролирање на нејзиното темпо. Би можел да ја забрза кога било потребно, тоа е нешто што него го одвојуваше од другите, но исто така разви и способност да ги смири работите кога тоа беше потребно. Во секој случај, беше способен да ја наметне својата желба и вештина и во најжестоките натпревари.

    Негова награда за најдобар играч во натпреварот од 1996 година во финалето на ФА купот против Ливерпул падна во сенка поради доцниот гол на Кантона и набрзо заборавена поради разочарувањето од предизвиканиот судир. Но поради играта на Кин во средината на теренот, противникот немаше големи шанси. Алтернативно неговата позната игра против Јувентус во 1999 година послужи за пример како тој може да добие натпревар и како може да го заврши.

    Картонот кој го исфрли од финалето во ЛШ означи негово влегување во легендите. Фергусон тоа го нарече најголема слика на несебичност што се видела во фудбалот, но секако Кин на тоа гледаше поинаку. Воден од чувството на вина изјави дека ќе и надомести на својата екипа.

    Секогаш беше груб кон себе, но и кон останатите. Откако доби медал за финалето во ЛШ, беше лут и чувствуваше дека не го заслужил. Многу медиуми пишуваа дека тој настан создаде големи дилеми кај Кин бидејќи тој лично не учествувал во победата.

    Грешите, да постигнеше Рој Кин хет-трик во финалето сигурно истото би го чувствувал. Ако Кин не го водеше натпреварот на теренот, тогаш тој немаше да го прифати тоа како успех.

    „Многумина играчи го почуствуваа неговиот бес ако не го следеа неговиот пример и не беше можно да се сокриете од него. Никогаш не помислив дека тоа е лоша карактеристика.“

    Фергусон го смени своето мислење во 2005 година по поразот од Миделсброу откако непознат критичар го предвидел заминувањето на Кин. Неил Квин тој потег го нарече како „хируршко отстранување“.

    Рио Фердинанд и Дарен Флечер се најдоа помеѓу навредените, но по нив Фергусон се фокусираше на Кин. По караницата со Ван Дер Сар и Ван Нистелрој на идниот состанок, Кин го спореди менаџерот со трки со коњи и Џон Магниер.

    „Го оставив најдоброто за мене. Се го вовлече приватниот живот во клубот со Џон Магниер.“

    Откако навивачите го извикуваа името на Кин по поразот во Лил и Миделсброу, Фергусон не можеше да забележи дека капитенот стана раздвојувачка алка во тимот.

    „Кин се чувствуваше повредено бидејќи младите фудбалери не беа на негово ниво.“

    „Ги гледав на видео игрите на ПлејСтејшн и не можеше никако да го исфрли тоа од глава, немаше време да помине неколку сезони и повторно да го гради тимот.“

    На 18-ти ноември 2005 година, по 12 години поминати во Јунајтед, дојде крајот.

    https://youtu.be/5RXTSjmzQKk

    Во караницата Кин го обвини Фергусон дека се променил, требаше да биде навреда, но тоа на крајот испадна како комплимент, бидејќи Фергусон повторно се адаптираше и го донесе Јунајтед до успех во Европа.

    Случувањата во 2005 година креираа се што видовме од Кин потоа. Додека Гигс и Сколс беа во можност да се простат со целосно одиграна сезона, Кин го напушти Манчестер во јануарскиот преоден период.

    Сомнежот беше создаден на место каде што не требаше да биде. Формата на Гигс не беше постојана. Сколс не беше во тимот во 1999 година за ½-финалниот натпревар со Јувентус во кој неговиот капитен доминираше. За цело тоа време поминато во клубот позицијата на Кин никогаш не беше ставена под знак прашалник.

    Гери Невил вели: „Немаше играчи во Јунајтед кои можеа да му се спротистават на влијанието на Кин во тоа време.“

    Сепак 11 години подоцна, човекот кој освои повеќе титули за градот отколку било кој друг капитен пред него беше отфрлен. Моментално е асистент на селекторот на Република Ирска.

    Голема иронија се наоѓа тука. Ниту еден играч пред него не направи повеќе за да ја изгради репутацијата на Јунајтед од човекот со кој клубот се раздели пред 10 години. Неповторливиот Рој Кин.