Ангеловски со проверени сили на мегдан со Израел и Летонија: Би било добро ако освоиме три бода…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски ги одбра играчите со кои ќе им се спротивстави на Израел и Летонија во претстојните квалификациски натпревари.

Ангеловски не направи многу промени, а во репрезентацијата за прв пат го повика и Влатко Стојановски, напаѓачот кој ова лето направи сензационален трансфер од Ренова во Ним.

Селекторот очекува барем три бода од овие натпревари и посочи кои фудбалери отсуствуваат.

– На списокот нема поголеми промени, главно ова се фудбалерите кои од почеток на квалификациите се во тимот. Стефан Ристовски поради повреда не е во комбинација за настап, додека Ферхан Хасани се уште го нема решено прашањето околу евентуално нов клуб. Во интерес на македонскиот фудбал решивме дека во овој момент Дарко Чурлинов е подобро да биде со селекцијата до 21 години, но секако и во иднина ќе сметам на него. Шанса за настап ќе бара и дебитантот Влатко Стојановски, кој беше најдобар стрелец лани во нашата лига. Се враќаат и Тричковски и Спировски, со нас ќе биде и Дориев кој во неколку наврати и претходно беше повикуван, изјави селекторот Ангеловски.

– Собирот е во понеделник, Пандев, Несторовски, Димитриевски, Трајковски и Тричковски поради клупски настапи ќе се приклучат директно во Ашдот во нашата база во Израел. Имаме краток временски период, но долго време сме заедно и мислам дека имаме доволно време да подготвиме против игра за нашиот прв противник Израел, селекција која има доста промени во однос на претходниот меч кој го одигравме со нив.

– Би бил задоволен ако бидеме на нивото на сите претходни натпревари, освен на оној со Австрија. Би било одлично ако од двата меча освоиме над три бода. Три бода е добро, но не би бил задоволен ако освоиме помалку од три бода, заврши предводникот на македонската репрезентација.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Дамјан Шишковски (Работнички);

Одбрана: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија);

Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (Ференцварош, Унгарија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Кире Маркоски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Марјан Радески (Шкендија), Љупчо Дориев (Академија Пандев);

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Олимпик Ним, Франција);