Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бостон Селтикс и 13 натпревар по ред не знаат за пораз. Овој пат „жртва“ беше Бруклин кој беше поразен со 109:102.
Кајри Ирвинг се врати на паркетот со заштитна маска на лицето и беше предводник на Селтикс во победата против Бруклин. Одличниот кошаркар натпреварот го заврши со 25 поени, а интересно е што сите кои го започнаа натпреварот за Бостон завршија со двоцифрен број на поени. Така, Маркус Морис постигна 21, Татум 19, а Ал Хорфорд 17 поени.
Торонто славеше против Хјустон со 129:113. Канаѓаните водеа со 12 поени на полувреме, за Хјустон на неколку наврати да стигне блиску до пресврт. Сепак, Торонто не го дозволи тоа и на крилата на ДеМар ДеРоузан (27 поени) и Кајл Лаури (19 поени) стигна до многу значајна победа. Харден кај поразениот тим беше најпрецизен со 38 поени и 11 додавања.
Резултати:
Бруклин- Бостон 102:109
Хјустон- Торонто 113:129
Далас: Сан Антонио 91:97