„Газета дело Спорт“: Златан Ибрахимовиќ го напушта Милан!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ објави дека 38-годишниот напаѓач нема да го продолжи договорот со Милан и се очекува да го напушти клубот ова лето.

Кариерата, сепак, нема да ја заврши. Тој ќе го облече дресот на Хамарби, тим во кој има акции и со кој тренираше во претходните месеци.

Ибра ќе остане фокусиран до крајот со Милан за да избори пласман во европските натпреварувања и сигурно на теренот ќе го гледаме со вистинска желба.

Швеѓанецот стигна во Милано на крајот на јануарскиот преоден рок, а одигра 10 меча и постигна четири голови и една асистенција.

Во кариерат аиграше за многу гиганти, меѓу кои Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и ПСЖ.