24 години од денот кој промени се!


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    На денешен ден, пред точно 24 години, Ерик Кантона дојде во Манчестер Јунајтед.

    На почеток да се разбереме. Тој не беше најдобар на планетата. Ни во Англија. Ни во Јунајтед, но тој го направи фудбалот подруга игра. Од деца во Харисоновата Академија правеше луѓе кои ги учи како да победуваат. Од противнците правеше крвни непријатели, тоа беше Ерик Кантона.

    Јунајтед таа 92′ не беше како овој денеска. Немаа освоено титула од 68′ па Кралот промени многу.

    Англискиот фудбал се менуваше во периодот на глобализацијата. Премиер Лигата настана тогаш, хулиганите во Англија беа се помалку и помалку и почнуваа да градат сериозно натпреварување.

    Кантона таа 92 ја започна во Лидс а на 26 11 премина во Јуанјтед кога Фергусон го праша дали е слободен.

    „Ако некогаш излегол човек направен за да игра во Јунајтед, тогаш тоа е Кантона. Дојде, направи промени, замина со дигната глава“ – вели Фергусон за Кантона.

    „Сакам да играм и да губам повеќе одколку да победувам. Затоа што пред тоа знам дека ќе победам“ – беше филозофијата на големиот Ерик Кантона, големиот крал. Еден вид мото кој и денеска се користи, не само во Манчестер туку и на сите страни на светот.

    „Ако имате една страст во животот, а тоа е фудбалот и оставате се друго тоа е многу лошо. Бидејќи кога прекинувате да играте, како да умирате“ – вели Кантона

    82 погодоци на 152 натпревари во Јунајтед бележеше Кантона, но тие се благодарни за многу повеќе што научија од Кралот.

    И за крај уште едни легендарни зборови на Французинот:

    „Не учев. Живеев“ . . .