Конечно ќе ја дочекаме Балканската лига: Во 2018-та година започнува со 24 клубови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Регионалната лига со 24 претставници од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Македонија, би требало да започне од 2018-та година.

„Балканска лига е неофицијално име и не верувам дека некогаш ќе се применува. Најверојатно ќе биде поинакво името на ова натпреварување.“, изјави Васко Дојчиновски.

„Управата на сите фудбалски сојузи од нашите простори дадоа поддршка на ова натпреварување.“

Новата регионална лига би се играла во шест групи по 4 тимови, а би започнала по квалификациите за ЛШ и ЕЛ. Доколку некој тим би се пласирал во ЛШ или ЛЕ, во тој случај регионалната лига би го пополнувала со следниот најдобро пласиран тим од таа лига.

„Сеуште се договараат наградите за победникот и финалистот. Ние сакаме место во ЛШ за победникот, а за 2-ро пласираниот место во ЛЕ, а тоа тешко дека би го прифатила УЕФА.“

„Исто така, не дефиниравме дали во пролетниот дел натпреварувањето ќе продолжи со 1/16-финале или со 1/8-финале. Финалето би се играло на неутрален терен.“

„Неофицијално слушнав дека УЕФА подготвила парични награди за тимовите, а станува збор за милионски износи.“