28 од 28 за Барселона – Два погодоци на Лазаров и седум одбрани на Борко во новата победа на каталонците


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на домашен паркет го победи Пуенте Генил во натпревар од 28-мо коло во Асобал лигата, 37:29.

После првото полувреме каталонците имаа шест погодоци предност, 19:13. Во второто полувреме ракометарите на Барселона ја зголемија предноста и победија со 37:29.

Аитор Арињо со 7 погодоци ја предводеше Барселона. Кирил Лазаров постигна 2 погодоци од 6 обиди, а Борко Ристовски натпреварот го заврши со 7 одбрани од 20 удари. Кај гостите најефикасни натпреварот го завршија Рудовиќ и Васкез со по 6 погодоци.

За каталонскиот клуб ова беше 28-ма победа на исто толку натпревари во Асобал.