5 причини зашто да ја изберете Барселона: Дали се доволни за овој одличен фудбалер?!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Дали Бразилецот ќе биде наредното големо засилување на Барселона?

    Се погласни се шпекулациите дека најдобриот играч на Ливерпул, Филипе Кутињо би можел да ја засили Барселона.

    Во Каталонија веруваат дека токму тој е вистински наследник на Иниеста и дека Бразилецот ќе го земе неговото место во наредните години.

    Медиумите наведоа 5 причини поради кои Бразилецот би сакал да премине во Барселона.

    1. Градот Барселона

    Од јануари до јуни 2012 година, Кутињо играше на позајмица во Еспањол и тогаш имаше шанса да ја запознае магијата на Барселона. Кутињо никогаш не криеше дека престолнината на Каталониај е за него еден од најубавите градови во светот.

    1. Позицијата во тимот

    Тоа што за Кутињо би било посебно важно, е фактот дека во Барселона би можел да игра на неколку позиции. Со своите квалитети и техника, не би имал никаков проблем да се вклопи на сите офанзивни позиции во Барселона. Наместо Иниеста или Ракитиќ, Кутињо би можел да ја унапреди играта на Барселона.

    1. Поврзаноста со Нејмар

    Фактот дека тие двајца се пријатели од 2008 година кога станаа соиграчи во Бразил, дополнително го привлекува во тимот. Тие двајца посебно се поврзаа во тимот, на теренот, а и надвор од него се многу блиски. Тоа што е најважно, покажаа дека се одлично се разбираат на теренот.

    1. Пријателството со Луис Суарез

    Покрај Нејмар, Кутињо има уште еден голем пријател во Барселона, а тоа е Луис Суарез. Кутињо и Суарез заедно играа 3 сезони во Ливерпул и станаа големи пријатели, па се верува дека тоа би било пресудно за да дојде тој во тимот.

    1. ДНК на Барселона

    Каталонците често сакаат да именуваат таков стил на фудбал – Кутињо има ДНК на Барселона. Тоа значи дека со своите техничи и тактички можности во целост се вклопува во тимот на Барселона. Кога ќе се земе во предвид дека има само 24 години, јасно е дека пред него се најдобрите години во кариерата.