5 години од несреќата на Симончели


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    На денешен ден пред 5 години, на трката за ГН Малезија, животот го изгуби Марко Симончели.

    Тој почина на 25 години, кога на патеката „Сепанг“ изгуби контрола над својот мотор, кој не сакаше да го пушти и се врати на патеката. Во него потоа удрија Колин Едвардс и Валентино Роси и немаше спас.

    За младиот Италијанец тоа беше 2-ра сезона во кралската класа, во која најдобар резултат му беше 2-ро место во Австралија, една недела пред несреќата.

    Симончели дебитираше на ГН во Чешка 2002 година. Најголем успех постигна во 2008 година, кога стана шампион во категорија до 250 к. Во текот на кариерата има возено на 148 трки, победи 14 пати и имаше вкупно 31 подиум.

    Беше еден од најсаканите возачи во шампионатот, а го сметаа за наследник на Роси. Кратко потоа, неговото име го носеше трка во Мизан, на која се вози ГН Сан Марино.

    За да остане презимето Симончели во Светскиот шампионат се погрижи неговиот татко, чиј тим наредната сезона ќе вози во Мото3 категорија.

    Таа несреќа беше последна до оваа година, кога во ГН Каталонија, животот го изгуби Луис.