Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ стигна во саботата до бројката од 500 погодоци во кариерата, а честитки пристигнаа и од Дејвид Бекам.
Ибрахимовиќ во свој стил го прокоментира својот успех и тоа по поразот од Торонто (5-3).
„Мило ми е поради Торонто, ќе останат запаметени како моја 500. жртва“, кажа Ибра.
Честитки до Швеѓанецот испрати и легендарниот Бекам, кој искоментира на неверојатен начин.
„Златан, сакам да ти честитам. 500 голови, каква кариера, каков играчи, какво постигнување. Уживање беше да се игра со тебе и против тебе. 500 голови – тоа значи дека си многу стар. Ти честитам, но по малку си срамежлив, па мораш да поработиш на тоа“, порача Бекам.