Шиков станува соиграч на Барди и Ангелов


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што дознава „Македонски спорт“ репрезентативниот стопер, Ванче Шиков, од наредната сезона би можел да ги брани боите на унгарски Ујпешт.

Трансферот би се реализирал во август откако Шиков ќе им помогне на „романтичарите“ во нивната европска авантура.

Доколку трансферот се реализира Ванче Шиков би бил третиот македонски репрезентативец во редовите на Ујпешт. За унгарскиот клуб во моментов настапуваат и младите репрезентативци Виктор Ангелов и Енис Барди.