Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ е првиот финалист на неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон откако со 3:1 по сетови (6:7, 6:4, 7:6, 7:5) славеше против Американецот, Сем Квери.
Ова е второ финале за хрватскиот тенисер во кариерата. На неговото прво финале Чилиќ стигна и до титулата на УС Опен во 2014 година.
Квери го доби првиот сет по долгата борба која траеше 50 минути и беше решен после тај брејк.
Потоа Чилиќ ја презеде работата во свои раце, па успеа да ги добие следните три сета и со тоа заслужено да се пласира во финалето на Вимблдон.