Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометниот клуб Металург донесе адекватна замена за десното крило Никола Костески кој пред неколку недели потпиша за турскиот клуб, Ескишехир.
Клубот од Автокоманда официјално го потврди доаѓањето на 23 годишниот хрватски интернационалец, Анте Токиќ.
Токиќ е поранешен младински репрезентативец на Хрватска, а од оваа сезона е дел од сениорската репрезентација на „коцкестите“ каде за минутажа ќе се бори со Златко Хорват и Иван Чупиќ.
“Металург е големо име во европскиот клупски ракомет и долги години е дел од Лигата на шампионите. Тоа е тим што никогаш не се предава, па така Металург во минатата сезона беше еден од ретките што успеале да го поразат Вардар, а тоа многу кажува за карактерот на мојот нов клуб. Во Металург дојдов за да направам чекор напред во мојата спортска кариера, а особено задоволство ми претставува можноста да заиграм во две исклучително силни лиги, какви што се Лигата на шампионите и СЕХА-лигата. Но, една од најважните причини за моето доаѓање во Скопје е Лино Червар, од кого во следните две сезони очекувам да научам многу за спортот со кој се бавам“- изјави Токиќ за официјалната страна на РК Металург.
Токиќ со Металург потпиша договор на две години, а во Металург на десната крилна позиција ќе дели минутажа со Александар Гуглета и Мице Шилегов.