Червар: Среќни сме што Металург е ценето име во Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракометарите на Металург ги започнаа седумдневните подготовки во Маврово пред да заминат на турнирот во Струга.

Червар речиси ги склопи коцките околу составот кој оваа сезона ќе го носи товарот со настапи во Лигата на Шампионите, СЕХА лигата и домашниот шампионат.

Среќни сме и задоволни што, и покрај сите проблеми, Металург остана добро познато и ценето име во ракометна Европа, што Европската ракометна федерација (ЕХФ) продолжува да ги препознава и да ги поддржува нашата работа и нашиот создавачки концепт и што ни ја додели улогата на носител на групата “Д“ во ЛШ. Сите тие признанија ќе бидат дополнителен мотив за нас добро да се подготвиме за новата сезона и да направиме чекор напред во однос на претходните сезони“- истакна Лино Червар.