„Фрка“ во Јунајтед, ќе го изгубат ли својот бисер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нема да го гледаме до крајот на месецот, се зборува дека е незадоволен, а Гери Невил само додаде бензин на огнот.

Многумина сметаат дека заслужува втора шанса и да биде стандарден, тој тоа го докажа со играта за Англија. Маркус Рашфорд даваше голови за време на интернационалната пауза, но поради исклучување во Барнли е казнет со три натпревари, ќе пропушти два дуела во првенството и натпревар со Дерби Каунти во Лига купот.

Многу сметаат дека тоа што го шетаат од една позиција на друга и тоа што не е стартер практично му пречи да напредува.

Тој против Лестер беше на теренот повеќе од час, не играше против Тотенхем, против Брајтон играше само едно полувреме.

,,Тој мора да игра на една позиција и во наредната години или 18 месеци да биде стандарден, потребни му се стотина натпревари да развие потенцијал. Вака само пополнува дупки, лево, десно, како водич на напад, тоа е тешко, има веќе многу искуство, тој е спремен за поголеми улоги”- кажува Невил.

Англичаните сметаат дека ако вака продолжат работите или ако стигне Дибала како што се повеќе се зборува, Рашфорд би барал да си оди, односно да го продадат.

Во тој случај, заинтересирани се Челзи, што сепак би било тешка мисија, но и Евертон би имал простор да игра. Во кладилниците токму овие два клубови се фаворити да го купат Рашфорд, после нив доаѓаат Арсенал и Тотенхем…