Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според пишувањата на англиските медиуми, Хери Кејн не ја отвори сезоната на најдобар начин, а многумина во последно време се повеќе пишуваат како тој на терен делува изморено и истрошено.
Кејн имаше време за одмор после Светското првенство, потоа се приклучи на Тотенхем неколку дена пред новата сезона. Сепак на теренот јасно се гледа дека Кејн не е во свој елемент, а многумина после натпреварот со Ливерпул порачаа дека делува баш уморно и истрошено за време на натпреварот.
Легендарниот напаѓач на Арсенал, Иан Врајт верува дека причината за неговиот умор е второто дете кое Кејн и неговата сопруга го добија неодамна. Врајт тврди дека на лицето напаѓачот на Тотенхем се гледа дека не спие многу, а за тоа е ,,виновно” неговото штотуку родено дете.
,,Кога го гледате забележувате дека не делува онака свеж и спремен за натпревар како порано. Сепак, никој не се сети дека тој штотуку доби второ детенце и поради тоа не спие доволно. Многу го критикуваа за играта, но тоа треба да го земете во обзир бидејќи очигледно тој и помага на својата сопруга околу бебето кое неодамна го добија”- рече Врајт.