ЕА Спортс го додаде Болт во ФИФА 19 и го остави без текст


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот атлетичар Усеин Болт го исполни својот сон да стане професионален фудбалер, а сите челници на австралискиот Централ Кост Маринерс се воодушевени од неговата игра и му понудија прв професионален договор.

Болт неодамна за победа на својот тим против Макатур Саут Вест со 4-1 постигна два гола со што ги ,,купи” челниците на неговиот клуб. Неговиот агент вчера потврди дека Болт добил понуда да потпише прв професионален договор и тоа ќе се случи навистина брзо.

ЕА Спортс денес соопшти уште една преубава вест за Болт, а тоа е дека тој ќе биде додаден во ФИФА-19. На наредниот апдејт сите кои ја имаат ФИФА 19 на играта ќе го имаат и Болт, а тој ќе биде играчот кој ќе има највисока оцена за брзина.

Моментално на ФИФА 19 најбрз фудбалер е играчот на Волверхемптон, Адам Траоре кој има оцена 96, а на второ место е Килиан Мбапе кој има оцена 95. Уште не е познато која оцена ќе ја има Болт.