Напнато во Баерн: Скандал на релација Родригез – Салихамиџиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн не тргна премногу уверливо во новата сезона. Се очекуваше дека баварците повторно ќе бидат доминантни во првенството, после десет одиграни кола тие имаат 20 бодови и се наоѓаат на третото место со четири бода помалку во однос на водечката Борусија Дортмунд.

Најнезадоволни се се разбира навивачите кои неколку пати бараа промени на клупата но раководството застана зад Нико Ковач кој барем засега нема причина за грижа.

Медиумите во Германија пишуваат дека Ковач момнетално има голем проблем во одржувањето на дисциплина во соблекувалната.

Грб му свртеа неколку фудбалери меѓу кој и Џејмс Родригез кој јавно го критикуваше Ковач, а се чини дека колумбиецот не е ниту во добри односи со Салихамиџиќ.

Дека ситуацијата во Баерн не се смирува сведочи и информацијата која ја пласира угледниот Билд. Според натписите Родригез после натпреварот во Мајнц каде Баерн пред десетина дена славеше со 2:1
одбил да се поздрави со Салихамиџиќ, по што тој многу се разлутил.

,,Грешиш”- наводно на шпански му рекол Салихамиџиќ на Родригез.

Родригез се надеваше дека после тешката сезона во Реал, среќа ќе пронајде во Баерн, но идилата за него не траеше долго.

Прилики во Баерн добива се поретко.