На Јунајтед ништо не му оди од рака: Случајно го открија името на новиот тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед од вчера е без менаџер откако му врачи отказ на португалскиот стручњак Жозе Мурињо.

Раководството на тимот од Олд Трафорд најави дека во следните 48 часа ќе го открие името на новиот менаџер кој до крајот на сезоната ќе го води тимот, а тоа најверојатно ќе биде Оле Гунар Солскер.

Сосема случајно тимот од Манчестер ја објави оваа вест на официјалната страница, а откако навивачите почнаа да ја споделуваат таа беше брзо избришана.

Дали навистина 45 годишниот норвешки тренер ќе ги води Црвените ѓаволи во остатокот од сезоната ќе видиме набрзо но Јунајтед покажа дека оваа сезона ништо не му оди од рака
па ниту објавата на името на менаџерот.

Солскер во својата кариера ги водеше резервите на Манчестер Јунајтед од 2008 до 2010 година, а потоа ги презеде Молдe со кои освои две титули во лигата и Купот.

На островот работеше кратко во Кардиф 2014 година, но набрзо даде отказ.