Фудбалер на Барселона на трансфер листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона го доведе летото Малком од Бордо за околу 40 милиони евра, буквално го украдоа од пред носот на Рома која го договори неговиот трансфер со французите.

Бразилецот практично тргна на својот пат кон Рим како би ги завршил сите детали околу трансферот на Олимпико кога во последен момент стигна понуда од Барселона која тој не можеше да ја одбие.

Сепак, запиша само шест настапи оваа сезона, одигра вкупно 130 минути и постигна еден погодок па се повеќе се зборува за неговото заминување.

Гуанжи Еверганде навистина би сакал да го види во своите редови, но нема сомнеж дека одењето во Кина би бил голем чекор назад за овој 21 годишен офанзивец.

Интерес покажа и итајанскиот клуб Лацио, но прашање е дали тие имаат средства кои ќе може да парираат на барањата на Барселона која без сомнеж ќе сака да ги врати вложените пари.

Во секој случај, како што пренесува Мундо Депортиво, на Камп Ноу се спремни да ги разгледаат сите понуди, а тоа значи има шанси Малком да го напушти клубот после шест месеци