Милан украден? ВАР системот не вроди со плод за Росонерите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус дојде и до трофејот во Италијанскиот Суперкуп, со победа над Милан од 1-0 во меч одигран во Саудиска Арабија.

Старата дама славеше благодарејќи на голот на Кристијано Роналдо во 61. минута, но во Милан сметаат дека се украдени.

Во самиот финиш на средбата, фудбалерот на Милан, Андреа Конти падна во казнениот простор на Јувентус после стартот на Емре Чан, но судијата не покажа на белата точка. Следеа бурни протести, а играчите како и сите навивачи на Милан беа разлутени од фактот што главниот арбитар Банти не одлучи ниту да се консултира со ВАР системот и без сомнение одлучи дека тоа не било прекршок.

Јасно е дека целата ситуација беше тешка за проценка, па навистина е чудно што судијата не се одлучи да ја прегледа снимката. Како и да е, сега е касно за Росонерите, а Старата дама дојде до уште еден трофеј.

Треба да се додаде и дека Милан од 73. минута играше со играч помалку поради тоа што Кеси заработи црвен картон.