Јунајтед почна да победува и надвор од теренот: Пред носот на Јувентус и ПСЖ, Солскјер доби одлично засилување…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед почнува да ги добива битките надвор од теренот со клубовите кои се во многу подобра ситуација.

Од Франција стигнува потврда дека младиот фудбалер на Амијен, Ноам Емеран ја прифатил понудата од Манчестер Јунајтед да стане нов член на тимот од „Олд Трафорд“.

Французинот има 16 години, се уште не дибитирал за првиот тим на Амијен кој на име на тренинг компензација ќе добие нешто повеќе од 100 илјади евра.

„По разговор со семејството, одлучив дека е најдобро да одам во Јунајтед. Сега се е на мене, да ги остварам своите соништа“, истакна крилниот фудбалер.

Неодамна во разговор за клупскиот сајт на францускиот тим, истакна дека еден од идолите му е фудбалерот на ривалот на „Црвените ѓаволи“, Лирој Сане.