Мурињо го обезди и третиот трансфер: Фантастичниот Емболо на чекор од Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, сериозно ја сфати својата нова работа на “Олд Трафорд”.

Откако во Јунајтед пристигна младиот дефанзивец од Виљареал, Ерик Биали и скоро обезбедениот трансфер на Златан Ибрахимовиќ, Манчестер Јунајтед е на чекор од уште еден голем трансфер.

Имено, станува збор за најталентираниот швајцарски фудбалер и член на Базел, Емболо, кој претходно се поврзуваше со Јувентус и Лајпцинг. Емболо со своите настапи за Базел го привлече вниманието на неколку англиски, германски и италијански екипи.

Сепак, понудата од Манчестер Јунајтед изгледа најсериозна од сите и изнесува неверојатни 28 милиони фунти. Емболо е роден 1997 година и се очекува да потпише договор после завршувањето на Европското првенство.