Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона синоќа славеше против Леганес со 3:1, а гостите беа најзагрозени од Осман Дембеле, што подоцна работата потешко од очекувано ја заврши Лео Меси.
Сепак во 69. минута, Дембеле заработи непријатна повреда, и веднаш го напушти теренот. Тоа ги загрижи навивачите на Барселона, а денес шпанските медиуми соопштија дека Дембеле поради повреда на зглобот ќе отсуствува две недели.
На прв поглед се чинеше дека се работи за тешка повреда, што секако би било голем проблем за лидерот на шпанскиот шампионат, но црните сомневања не се остварија.
Дембеле оваа сезона во сите натпреварувања постигна 13 погодоци, а во Барселона пристигна од Борусија Дортмунд.