Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Милан славеа на гостувањето кај Џенова со 2:0 во рамките од 20. коло од Серија А.
Ова е прва победа за миланезите на гостински терен уште од 4. ноември минатата година кога славеа кај Удинезе.
До 72. минута мрежите мируваа, а потоа Фабио Борини го отвори резултатот за водство на Милан, а конечниот резултат го постави Сусо во 83. минута.
Нашиот Горан Пандев го започна натпреварот од првата минута и беше заменет во 58. минута. Во 32. минута Пандев имаше убава шанса, но неговиот удар го одбрани Донарума.
Головите од натпреварот може да ги погледнете ОВДЕ