Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Авионот со кој патуваше најскапото засилување на Кардиф, Емилијано Сала, најверојатно се урнал поради тоа што му замрзнал моторот, иако досега не беше ништо откриено за време на потрагата по него.
Сала тргна од Нант кон Кардиф, откако се поздрави со поранешните соиграчи, но претходно остави гласовна порака во која кажа дека не се чувствува безбедно во авионот „Пајпер Малибу“.
Статистиката покажува дека тој тип на авиони се најнебезбедни, зашто се урнале дури 160 пати, а експертите излегоа со свој став за уривањето.
„Според извештаите дека авионот се тресе и распаѓа во последната порака на Сала, може да кажеме дека најверојатно замрзнале моторот и крилјата, а потоа паднале во вода“, велат скпертите.
Потрагата продолжува понатаму, но надежта речиси и да не постои, па сите мислат дека загинале и пилотот и аргентинскиот фудбалер.