Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Петти пат во кариерата Рафаел Надал ќе игра во финалето на Австралијан Опен, откако Шпанецот со 3-0 во сетови, односно 6-2, 6-4 и 6-0 го победи Стефанос Циципас.
Вториот тенисер во светот во шест одиграни натпревари во Мелбурн не загуби ниту еден сет, а овој меч му беше најубедлив.
Во пет одиграни финалиња, Надал само еднаш стигна до титулата кога во 2009 година го победи Роџер Федерер.
Шпанецот доминираше во текот на целиот натпревар, па тоа му го донесе и третиот триумф во меѓусебните дуели со Гркот.
Кој ќе му биде ривал на Шпанецот во неговото 25. гренслем финале ќе дознаеме во петок, кога во второто полуфинале играат Новак Ѓоковиќ и Лука Пуј.
.@RafaelNadal likes to attack with his forehand behind the serve, while @StefTsitsipas stands closer to the baseline as he looks to move forward.
Check out the data behind our first men’s singles semifinal: https://t.co/FOmhE5uj0n#AusOpen | #GameInsightGroup | #Infosys pic.twitter.com/Z9Vbjv5cwB
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2019