Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По двете големи засилувања, Лукаш Пакета и Криштоф Пјатек, управата на клубот подготвува уште две изненадувања.
Според италијанските медиуми, „росонерите“ работат на трансферот на уште двајца фудбалери, Жерар Делофеу и Орелијен Чуамени.
„Сан Сиро“ го памети Шпанецот, кој настапуваше во сезоната 2016/17 за Милан и кога во 18 настапи постигна четири голови и три асистенции.
Тогаш беше еден од најдобрите фудбалери, па во клубот се надеваат дека може да се повтори слична ситуација.
Од друга страна, Чуамени е инвестиција за иднината, зашто има само 18 години и настапува за младинската репрезентација на Франција.