Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маурисио Сари потврди дека талентираниот Худсон Одои нема да биде продаден од клубот и покрај тоа што играчот побарал трансфер по сериозниот интерес од Баерн Минхен.
18 годишниот фудбалер има договор со Челси до 2020 година, но очајно посакуваше трансфер во Баерн Минхен кој за неговите услуги понуди 35 милиони фунти.
„На теренот работи одлично. Навистина сум многу среќен со него. Не сум многу среќен со ситуацијата, но знам дека секој голем тим овде во Англија го има истиот проблем.
Не е лесно да ги задржиш младите игрчаи. Тој е еден од најдобрите 18 годишни играчи во Европа, па за нас е многу тешко. Клубот ми кажа дека тој нема да биде на трансфер пазарот и веројатно нема да биде продаден ни во јули“- коментираше Сари.