Пиатек: Не сум изненаден, веќе кажав дека сум спремен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот напаѓач Кристоф Пиатек одигра одличен натпревар против Наполи во рамките на четвртфиналето од Купот на Италија.

Милан на Сан Сиро славеше со 2:0, а новиот напаѓач на Росониерите ги постигна двата гола за својот тим и тоа од првите шутирања кон голот на противникот во 11 и 27 минута.

Пиатек после натпреварот порача дека е исклучително среќен, но не премногу изненаден што на ваков начин дебитираше за својот нов клуб како стартер.

„Очекував ноќ како оваа. Реков дека сум спремен, а ова само ми даде ветер во грбот. Задоволен сум и беше прекрасно, но ова е само почеток“- започна самоуверено Пиатек и продолжи:

„Двата гола беа прекрасни иако беа целосно различни. Пред натпреварот разговарав со Лаксалт и Борини на кои им реков да ми подаваат топки баш како овие, долги и високи. Сакам такви, така најдобро се снаоѓам. За вториот гол пред себе го имав Колибали, Не беше лесна ситуација, но добро се заврши.
Беше преубаво да се игра на Сан Сиро и им благодарам на навивачите за подршката, а јас се спремам за новиот натпревар против Рома која се игра за викендот“- заклучи 23 годишниот Полјак.

Пиатек во Милан пристигна од Џенова каде на 19 натпревари во Серија А постигна 13 голови, а беше платен 35 милиони евра. Пред само половина година Пиатек играше во Полска каде настапуваше за Краков.