Емери го финишира преодниот рок: Двајца бројат часови до потписот со „Топчиите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал оваа сезона се бори за четврата позиција, која ги води во Лигата на шампионите следната сезона, има тешка конкуренција која исто така се засилува.

Унаи Емери во јануарскиот преоден рок доведе двајца фудбалери кои му се добро познати од периодот кога работеше во Шпанија.

Првиот секако е Денис Суарез кој веќе се прости од своите соиграчи и денес или утре ќе потпише за Арсенал. Стигна на позајмица бидејќи Арсенал нема премногу пари за трошење во овој преоден рок.

Вториот би можел да биде Јаник Караско, некогашниот крилен играч на Атлетико Мадрид кој сега игра за кинески Далијан.

И него поради недостаток на средства сакаат да го позајмат со право на откуп.

Белгиецот чини сега 35 милиони фунти, но планот на Арсенал е јасен и веќе преземаа големи и важни чекори во врска со тоа.