Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси оваа зима го донесе во своите редвои Кристијан Пулишиќ, кого го оставија на позајмица во Борусија Дортмунд до летото, како и Гонзало Игуаин кој синоќа го запиша своето деби во Премиер лигата и истото нема да му остане во убаво сеќавање.
Се чини дека што се однесува до пристигнувањата тоа е тоа, но некои играчи би можеле да ги напуштат нивните редови.
Еден од нив е секако и Мичу Батчуаи кој и не е со клубот, на позајмица е во Валенсија.
Валенсија не е задоволна од Белгиецот, со задоволство би го вратиле назад, но Сари не сака, па се споменуваа позајмици во Монако и Милан.
Во приказната веќе некое време е и Евертон, од неодамна и Вест Хем, а самиот фудбалер истакна дека кариерата би сакал да ја продолжи во редовите на „Карамелите“.
Екипата од „Гудисон“ не може да го позајми, со оглед на тоа дека од Челси веќе го позајмија Курт Зума, па купување е единствена опција.
До крајот на преодниот рок останаа уште 10тина часа, Батчуаи се уште е во Шпанија, а Челси бара 35 милиони фунти.
Останува да видиме дали во Ливерпул се подготвени тоа да го платат, во спротивно Батчуаи би можел да има разочарувачки втор дел од сезоната, како ниту на „Месталја“ најверојатно нема да добива шанса, па и да остане до крајот на сезоната.