Барселона потврди уште еден трансфер во последниот ден од преодниот рок


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Барселона штотуку потврдија дека постигнале договор со Атлетико Минеиро за ангажман на младиот бразилски фудбалер, Емерсон де Соуза Јуниор.

Десниот бек официјално ќе се стави на располагање на Барселона на 1 јули 2019 година откако се согласи да потпише петгодишен договор со Каталонците.

Емерсон кој се смета за наследник на Дани Алвеш ќе ја чини Барселона 12 милиони евра, а до крајот на сезоната ќе игра во Реал Бетис.

Од каталонскиот клуб објавија дека фудбалерот игра одлично и во одбраната, но и во нападот и токму затоа се преселил на „Камп Ноу“.