Пред десет години никој не го сакаше во НФЛ, а сега стана МВП на Супербоулот! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во еден од најлошите Супербоули во историјата, Њу Ингланд Патриотс славеше против Лос Анџелес Ремс со 13-3.

Човекот кој донесе нова титула за Њу Ингланд беше Џулијан Еделман, кој фати дури десет додавања и така му помогна на својот тим да триумфира.

Сепак, Еделман стигна во 2013 година во Патриотс, откако некоку години претходно беше избран како 27. пик на седмата рунда од драфтот.

Многумина сметаа дека ќе нема НФЛ-кариера и дека нема да може да игра на врвно ниво, но десет години подоцна Еделман им го докажа спротивното.

„Тешко ми е да сфатам дека ова не е само сон. Ова е нереално. Верувам дека некои работи се случуваат со причина и дека мора максимално да работиме за да ги оствариме нашите соништа“, кажа Еделман.