Братот на Погба потврди дека фудбалерот размислувал за заминување поради Мурињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку Жозе Мурињо останел на клупата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба сериозно размислувал да си замине од клубот.

Ова го истакна неговиот брат Матијас кој посочи дека денес се е во ред со Пол и дека тој ќе остане во Манчестер Јунајтед.

„Дали Пол размислуваше за заминување поради Мурињо? Секако. Тоа му доаѓаше на ум. Но денес тој е се уште таму и е под договор, па ќе мора да го одработи“ –коментираше Матијас Погба во интервју за „Телефут“.

Погба по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер во Манчестер Јунајтед стана најдобриот фудбалер во Премиер лигата со шест погодоци и пет асистенции во вкупно осум натпревари.