Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач Криштоф Пиатек неодамна пристигна во Милан од Џенова и веќе во првиот меч покажа дека ќе биде големо засилување.
Тој во дебито за Милан во Купот на Италија против Наполи постигна два гола, а и во првиот меч во Серија А беше стрелец во ремито против Рома (1-1). Полјакот покажа дека има квалитети и порача дека бил спремен на целиот притисок кој го чека на Сан Сиро.
„Постигнав доста голови во Серија А и доаѓањето во Милан е притисок кој го одбрав и спремен сум да се носам со тоа. Јасно е дека морам да се прилагодам на тимот, но како личност нема да се менувам. Секогаш ми било план да бидам ист без разлика во кој клуб ќе играм, важно е да останете на земја“, изјави Пиатек.
Тој исто така изјави дека останал во чуддо првиот ден кога стигнал во Милан. Тогаш го сретнал легендарниот Кларенс Сидорф кој побарал од него да се сликаат, а ова го оставило без текст.
„Го сретнав Сидорф и побара од мене да се сликаме. Фантастично е луѓе како него да сакаат воопшто да разговараат со мене. Го сретнав и Шевченко во соблекувалната пред мечот со Наполи и се запознавме. Дури после потпишувањето на договорот добив порака и од Алваро Мората кој ми посака среќа. Тоа се одлични работи во кариерата на еден фудбалер“.