Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Добро информиран новинар вели дека договор речиси и да има и дека сите три страни се расположени брзо да се заврши сагата.
Имено, станува збор за Марсело, односно шпанскиот новинар Едуардо Инда кој тврди дека трансферот на Бразилецот во Јувентус е готова работа.
„Мислам дека тука нема повеќе никакви дилеми, Реал одлучи, Бразилецот ќе замине, тоа е и негова желба, но и желба на клубот да се ослободи од него, тој нема што повеќе да му понуди на Реал“, вели Инда.
„Да, Јувентус ќе го купи, нема дилеми останува само клубовите да се договорат, но пости желба кај сите три страни работата да се заврши“.
Тој вели дека Солари ќе се обиде да го поправи Марсело кој има неколку килограми повеќе, за да му помогне на лето, но од исходот на сезоната не зависи судбината на Бразилецот.
Порано Инда го обвинуваше Марсело дека бил главен поборник на смената на Лопетеги, дека сакал заедно со Роналдо да замине, но и дека едноставно Реал повеќе не го интересира.
Инда додаде дека Иско ризикува со однесувањето не само да биде надвор од теренот, туку и да биде 19 играч на клубот, односно да не биде ниту на клупата…