Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лев бек е проблем, можеби Клоп го пронајде.
Му недостасува на Јирген Клоп лев бек, поради тоа што Алберто Морено многу е лош во одбранбените задачи.
Истотака, се зборува дека Клоп сака уште еден стопер, со цел да го употреби во дефанзивната линија.
Можеби веќе пронајде решение и тоа во еден играч. Се работи за Бруно Мартинс Инди, фудбалер на Порто кој може да одговори на задачите на две позиции.
Примарна е стопер, но игра и на лев бек по потреба, па може да биде играч кој Клоп го бара веќе цело лето.
Во Португалија се пишува за наводната понуда на Ливерпул за Холанѓанецот, се споменуваат 5 милиони евра, како и д ека Порто не го дава под 7 милиони евра.
Летото е долго, преодниот рок трае до почетокот на септември, па ќе видиме дали Редсите ќе направат нешто конкретно.