Вие зборувајте дека сум дебел, а јас ќе давам голови


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Игуаин, човекот кој беше платен 94 милиони и дојде да игра во Јувентус на првиот пријателски натпрвар се појави со 94 килограми, но тоа не остана така и до првиот официјален натпревар кога Игуаин влезе, но овој пат не со 94 килограми туку значително ослабнат и за само осум  минути постигна гол во дербито.

„Супер е тоа што зборуваат дека сум дебел, нека продолжат така а јас ќе си постигнувам голови“ – вели Игуаин за тутоспорт.

Дали сонувавте вакво деби?

„Секогаш сонуваш такви работи, но тие често не се остваруваат. Овој пат се е како што треба. Гол? Можеби ви изгледаше лесно, но ни најмалку не беше лесно?

Сега треба да изборите место во стартниот состав.

„Со Манџо сум добар пријател. Секогаш со некого, никогаш сам“

Во Јувентус тренинзите се многу напорни,такви се гласините, точно е?

„Вистина е, многу се работи, но и се слави. Видовме против Фиорентина, напорната работа на крај завршува со радост“.

Како ве дочекаа во соблекувалната, особено Буфон?

„Разговараше со мене Буфон, тоа ми е важно, но и онака сите ме прифатија“