Диего Симеоне потпиша нов договор со Атлетико Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Диего Симеоне постојано се поврзуваше со заминување од Атлетико, а се споемнуваа ангажмани во Интер, ПСЖ, но на крајот ништо немаше од тоа.

Аргентинскиот стратег реши да потпише продолжение на соработката со Атлетико на уште три години и сега ќе остане таму до 2022 година.

Досегашниот договор му беше до 2020 година, но реши да ја прифати новата соработка, која во клубот ќе го задржи уште повеќе, а сега тој ќе стане најплатен вработен во клубот и ќе заработува дури повеќе и од најголемата ѕвезда Антоан Гризман.

Тоа значи дека сумата е огромна, зашто Гризман сезонава ќе добие 20 милиони евра, но од денес тој повеќе не е најплатен и го престигна неговиот тренер.