Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Наполи изјави дека никогаш нема на себе да си дозволи да го направи тоа што во ова лето го направи „Пипита“.
Земјотресот кој на Апенините е предизвикан со преминот на Гонзало Игуаин од Наполи во Јувентус и понатака продолжува.
Потегот на Аргентинецот во градот под Везов е означен како предавство, најдобриот стрелец во Серија А од минатата сезона е „персона нон грата“ во Кампанија.
Интересно, на Старата дама во ова лето им појде од рака тоа што во 2013 година не успеа. Тогаш мета им беше Единсон Кавани, но Уругваецот наместо во Јувенус отиде во Пари Сен Жермен.
„Секој има право на свој избор, но морам да кажам дека такво нешто никогаш нема да изберам“, рече Ел Матадор на навинарите во микс зоната после неделната победа на ПСЖ над Мец.
„Светците“ славеа убедлива победа со 3:0 на Паркот на Принцевите, но Кавани во неколку наврати буквално се избрука.