Милан одби голема понуда од Челси за дефанзивец


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Новиот тренер на Челси, Антонио Конте на секој начин се обидува да доведе дефанзивец до крајот на преодниот рок.

Засега не му оди најдобро. После тоа што Наполи неколку пати го одби за Кулибали, Јувентус за Киелини истото го направи и Милан со Ромањоли.

Челси според Скај Спортс понудил 30 милиони фунти за овој млад репрезентативец на Италија, но Милан ја одби понудата.

Ромањоли стигна на Сан Сиро минатата сезона од Рома за 21 милион фунти, а минатата сезона одигра 34 натпревари во Серија А.