Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите во тимот на Милан, голманот Џанлуиџи Донарума денеска полни 20 години, а досега има импресивни бројки во италијанската Серија А, каде што настапи 152 пати и се покажа во многу важни моменти.
Донарума пред година ипол го продолжи неговиот договор со Милан до 2021 година, но „росонерите“ планираат да го задржат младиот Италијанец и по завршување на таа соработка.
Клубот сака да му ја зголеми платата и покрај тоа што е еден од најплатените во Италија, но условот е откупната клаузула од 60 да биде зголемена на 100 милиони евра.
Единствен услов за да се оствари тоа е екипата од „Сан Сиро“ да обезбеди пласман во Лигата на шампиони, а досега им оди многу добро, зашто се наоѓаат на четврто место и имаат два бода помалку од третопласираниот Интер.