Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев денеска стана Италијанец, откако му беше доделено нивно државјанство по 17 години поминати на Апенините.
Македонскиот капитен на Инстаграм се пофали дека станал Италијанец и денеска официјално ги потпишал документите, како што може да се забележи на фотографиите.
Пандев во 2001 година се пресели во младинскиот погон на Интер, а имаше настапувано за Специја и Анкона, по што го облече дресот на Лацио.
Потоа потпиша за Интер, каде што имаше голем успех, односно ја освои тројната круна со „нераѕурите“, па се пресели во Наполи и денеска настапува успешно за Џенова.
Пандев пред неколку дена откри за италијанските медиуми дека планира да ја заврши кариерата во Џенова, откако ќе се пласира со Македонија на Европското првенство, а потоа сака да остане да живее во Италија.